За девојката која сака да се откаже од сѐ...

Ти, девојко, која сакаш да се откажеш... те гледам!
Знам дека мислиш дека никој не забележува, но јас забележувам!

Гледам дека порано имало сјај во тие твои очи со боја на лешник. Тие виделе премногу болка. Можам да ги видам сите тие приказни кои се кријат зад тие уморни очи.

Гледам дека си истоштена. Од оној вид на истоштеност кој се јавува поради сите скриени солзи и денови полни со анксиозност и болка.

Уморна си од тоа да се бориш. Толку многу се бореше и јас сум горда на тебе!

Стигна дотука... Можеби ти не ја гледаш силната девојка која јас ја гледам, но ти ветувам дека таа е некаде во тебе.
Многу чуваш во себе. Молчиш за да избегнеш конфликт, но одвреме-навреме убаво е да застанеш во сопствена одбрана. Океј е да покажеш чувства. Тоа те прави човек. Дозволено е да имаш чувства и да ги изразуваш.

Толку многу се трудиш да делуваш дека си како школка, но јас гледам светлина во тебе. Таа зрачи од тебе иако се трудиш да ја згаснеш за да се заштитиш себеси. Сепак ја гледам.

Знам дека е тешко да го видиш светлото на крајот на овој тунел кој изгледа многу дооооолг. Но, верувај ми кога ти велам дека тука е светлото.

Ништо не е вечно, а тоа значи дека овој лош период еден ден ќе заврши.
Навистина се надевам дека ќе биде наскоро, затоа што знам дека веќе помина низ многу глупости.

Заслужуваш да бидеш среќна. Најсреќна на свет. Да се чувствуваш како да си на врвот. Да скокаш и танцуваш од среќа и да ја чувствуваш среќата во секоја пора од кожата.

Знам дека е време да ти се случи нешто прекрасно и знам дека што и да е тоа, патува кон тебе.
Те молам, издржи уште малку.

Знам дека животот те истоштил и дека се чувствуваш изгубено и заглавено. Не ни знаеш што правиш веќе. Знам дека се чувствуваш така. Го гледам тоа.

Можеби тоа е поради тоа што можам добро да те прочитам, но знам како се чувствуваш и се нервирам што те гледам таква.

Знам дека оптимистичната, среќна жена е се уште некаде во тебе, таа е само поттисната од целата тежина којашто ја носиш со тебе.
Ти ветувам дека таа тежина ќе падне и дека се ќе си дојде на свое место.
Ти ветувам дека еден ден ќе погледнеш назад и ќе си речеш: „Не ми се верува дека поминав низ тоа.“
Ти ветувам дека еден ден ќе ја видиш силната жена која јас сега ја гледам.

Издржи те молам. Издржи уште малку...