За дечкото кој престана да ја почитува девојката која ја сака

Тогаш сфатив –  не беше важна мислата, ниту кажаните зборови, туку тоа што една личност е подготвена да го направи за нас. Не е важна намерата. Не за мене и не повеќе. Не беше доволно да знам дека тој ме сака длабоко во себе. – Џени Хан

Не се важни плановите и зборовите

Голем дел од луѓето мислат дека доволно е да помислат на тебе или пак да ти ветат дека нешто ќе направат. Но, тоа нема никаква поврзаност со тоа што го правите со личноста. За да бидете личност со интегритет и кредибилитет пред другите, важно е вашите мисли, зборови и планови да бидат во согласност.

Тоа е личност која заслужува да биде ценета

Дајте и го своето време, сета ваша љубов, однесете ја на анвантура. Држете ја нејзината рака, научете ја на нешто ново, бакнувајте ја милион пати и покажете и дека ја сакате.

Таа е девојката која беше покрај тебе и тогаш кога другите те заборавија. Таа е девојката која плаче по секое изглегување мислејќи дека направила нешто грешно. Таа е онаа која ги сака твоите доблести, но и ги почитува и цени и твоите слабости.

Вистинската поврзаност е многу ретка

Големата љубов е ретка и таа навистина значи многу. Затоа, потребен е напор за да се бори човек за неа. Голем дел од луѓето веруваат дека таа природно ќе ја одржува својата форма како и на самиот почеток, но не е така.

Луѓето се тешки, тие имаат различни мислења и искуства и затоа потребно е справување со предизвиците и конфликтите и сериозен напор тие да се надминат тогаш кога ќе се појават. Вистинската љубов бара многу, таа секогаш бара многу затоа е помоќна од сѐ друго.

Не ризикувајте да го изгубите најдоброто нешто кое сте го имале

Без оглед на тоа што и да направите, не и дозволувајте на оваа девојка да си замине. Можеби е тешка одвреме навреме, но таа  ќе ве полуди, ќе ве полуди од љубовта која ја има во себе. Не ја оставајнезадоволна и со милион прашалници во нејзината глава.  Биди тука до неа кога е најсреќна, но и кога се чувствува како да го допрела дното. Не дозволувај да се каеш по некое време, откако си го изгубил најдоброто нешто кое си го имал.