Wizz Air ги суспендира сите летови до Италија

Wizz Air објави дека од денес 10 март 2020 ги суспендира сите свои рути до Италија, како резултат на одлуката за рестриктивни мерки на италијанскиот премиер, со цел да ја контролир апојавата на корона вирус во земјата.

Летовите за сите дестинации на Wizz Air кон Италија (Алгеро, Бари, Болоња, Катанија, МиланоБергамо, Милано Малпенса, Неапол, Пиза, Рим Киамино, Рим Фиумичино.

Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење. 

 Патниците кои ги направиле своите резервации преку туристички агенции - вклучително и преку туристички агенции прекуИнтернет - треба да стапат во контакт со компанијата каде ги купиле своите билети.