Времето потрошено на љубов не е потрошено време

И зарем после сѐ, навистина мислиш дека ќе имаш време колку сакаш?
И дека некогаш ќе бидеш подготвен за заминување?
Секогаш ќе остане нешто недовршено.
Неиспиено кафе, лебот во тостерот, листа со намирниците на маса.
Ќе останат недоречени.
Односи, раскинувања, телефонски разговори.
Ќе остане душата.
Гладна за љубов и жена за убавина.
Ќе останат оние пар изречени „Те сакам“.
Заглавени во грлото и заробени во срцето.
Ќе останат соништата.
Неостварени и одамна заборавени.
И зарем не мислиш дека баш сега е вистински момент?
Уште еднаш да ги погледнеш оние кои ги сакаш. Да им дадеш насмевка, бакнеж, прегратка.
Никогаш да не ги земаш здраво за готово.
Никогаш да не заборавиш да им ја дадеш сета љубов на овој свет.
Да викнеш толку гласно што тоа ќе им одѕвонува во срцата.
Да го паметат тоа и кога веќе нема да бидееш тука.
Да го паметиш тоа и кога нив повеќе ќе ги нема.

Единствено кога сакаме, времето не ни може ништо.
Единствено времето потрошено на љубов не е потрошено време!
За сите останати работи, верувај дека немаме доволно време.
Затоа, прво да сакаме... а потоа, ако стигнеме, да правиме што сакаме!