Времето никогаш не ги лечи овие пет рани....

Покрај сите убави работи кои ни паѓаат на ум, животот често ни задава и удари кои ни ја рануваат душата. Тие рани кога еднаш ќе се отворат, никогаш целосно не заздравуваат. Тие нѐ потсетуваат на нешто или на некој кој може повторно да нѐ повреди или негативно да влијае на нашиот живот. 

Еве некои рани кои никогаш целосно не заздравуваат

Понижување

Кога некој ќе ве понижи, се чувствувате како таа личност да одземала еден дел од вас и како да го направила тоа на најсуровиот можен начин. 

Разочарување

Кога некој близок ќе нѐ разочара, тоа ни ги уништува очекувањата и надежта. Тоа чувство во нас предизвикува експлозија од шок, без, изненадување и болка. 

Предавство

Кога ќе почувствуваме предавство на нашата кожа, тогаш ни се чини дела целиот живот е лага. Сѐ во коешто сме верувале дотогаш се претвора во мачилиште. Предавството е во состојба  да нѐ повлече во најдлабоката кал од која тешко се излегува. 

Рамнодушност

Кога нашите најблиски од некаква причина нѐ игнорираат, почнуваме да се чувствуваме бескорисно. Тогаш сите ќе се чувствуваме недостојно и уништено. 

Загуба

Оваа рана се разликува од сите останати по тоа што не е намерно нанесена и во поголемиот дел од случаевите воопшто нема губитник. Никој од оние кои навистина нѐ сакаат нема намерно да изберат смрт за да нѐ повредат. Но, сепак, кога ќе го напуштат овој свет, со себе носат дел од нашата душа и оставаат празнина која никогаш нема да се пополни.