Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност

Сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура од 23 степени.

Од недела продолжува периодот на претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури, кои од почетокот на наредната работна седмица на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината.