Времето денес претежно облачно, попладне силен ветер проследен со врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд. Од пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе засилува и преку ноќта, а врнежите од крајот на денот ќе преминуваат во снег и понекаде на повисоките места.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8, а дневната од 7 до 19 степени.

Во Скопје претежно облачно, попладне со врнежи од дожд. Од пладневните часови од север ќе се прошири умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе засилува и преку ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Засилување на ветерот ќе има и преку ноќта и во понеделник, кога температурата ќе биде значително пониска. Во понеделник и вторник врнежите ќе бидат од снег и на некои пониски места особено во северните делови.