Временска прогноза за наредните денови

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито, а температурата ќе се искачи до 25 степени. Ќе дува засилен јужен ветер со брзина од 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во недела се очекуваат врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од јужен правец и температура од 10 до 18 степени.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.