Временска прогноза за наредниот период од 5 дена

Денес е четврток, 30 март 2017 година, 89-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:15, а ќе зајде во 19:00 часот. Денот ќе трае 12 часа и 45 минути. Во утринските часови имаме ведро и релативно топло утро за овој период од годината. Над северните предели на Балканот се наоѓа центар на поле на висок воздушен притусок додека пак над водите во Егејско море центар на поле на низок воздушен притисок, па поради овој градиент на притисокот во текот на денот ќе имаме и засилен ветер од северен правец. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес имаме потопло утро со утрински температури кои што ќе се движат од -1 до 7 степени. Во текот на денот ќе биде сончево, натпросечно топло и ветровито. Ќе дува доумерен засилен северозападен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Максималните дневни температури ќе се движат од 13 до 24 степени. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денеска сончево, топло и ветровито време. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 21 степен. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло. Во крајните источни и во југоисточните предели со услови за развој на нестабилност која може да донесе сосема слаби и локални врнежи од дожд. Утринските температури од 0 до 9 степени, додека пак максималните дневни ке достигнат до 12 односно до 23 степени. Во сабота и недела малку постудено утро со утрински температури кои што ќе бидат во благо опаѓање и ќе се движат од -1 до 8 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и надпросечно топло со температури од 13 до 24 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и благо опаѓање на максималните температури кои ќе достигнат до 11 оносно до 22 степени. 

Weather4all.com.mk