Временска прогноза за наредниот период

Денес е вторник, 22 август 2017 година, 234-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:43, а ќе зајде во 19:27 часот. Денот ќе трае 13 часа и 44 минути. 

Како што и вчера најавивме, денеска денот го започнуваме со претежно ведро, свежо и ветровито време. Утринските температури се невообичаено ниски за овој период од годината. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежото утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 16 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време со температури кои што и денес ќе останат под просекот за овој период од годината. Ќе дува доумерен засилен североисточен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индекс 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес свежо утро со утринска температура од 14 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Максималната дневна температура до 26 степени. УВ индекс 7. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија и во следните денови стабилно време, ќе биде претежно сончево и потопло време но со свежи ноќи и утра. Во среда по свежото утро со утрински температури од 5 до 14 степени, во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневни температури од 21 до 31 степени. Во четврток и петок утринските температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а во текот на денот сончево и потопло време со температури од 22 до 32 односно од 24 до 34 степени, ув индексот ќе има вредност 8. Сончево и топло време ќе преовладува и првиот ден од викендот со повисоки температури, утринските од 7 до 16 степени, а максималните дневни од 26 до 36 степени. 

Weather4all.com.mk