Време е да си простите себеси бидејќи некогаш прифаќате помалку од тоа што го заслужувате

Време е да си простите себеси бидејќи некогаш прифаќате помалку од тоа што го заслужувате. Бидејќи го дадовте своето срце на луѓе кои не го заслужуваат и својата љубов на луѓе кои само си поиграа со неа.

Време е да си простите себеси што никогаш не можевте да сакате само половично. Што се дадовте себеси на луѓе кои ве сакаа така и кои не знаеја што да направат со големината на вашата љубов. Простете и за вербата во луѓето, дека сите ние сме родени добри и дека така ќе се однесуваме. Простете си и за тоа што верувавте и се обидувавте, за нешта и луѓе кои никогаш не беа ваши.

Време е да престанете да се обвинувате за луѓе кои си заминаа од вашиот живот. За оние кои не се бореа за вас, за оние кои ви велеа дека не вредите, кои ветуваа дека ќе бидат тука за вас, а потоа да си отидат при првата можност за тоа. Престанете да се мачите околу тоа дека некогаш прифаќате помалку од тоа што го заслужувате, помалку од тоа што го сакате.

Во светот постои многу надеж, копнеж и љубов за вас. Но, таквата љубов не е во оние луѓе кои се обидуваат да ви наштетат и да ве повредат. Потрудете се да научите како да ја пронајдете и да ја сочувате, тогаш кога ја имате. Не паѓајте повторно во прегратките на оние кои ве повредиле, барајте добри луѓе покрај себе.