Време е да ја прекинете зависноста со вашиот мобилен телефон

Го знаете она чувство кога ќе одлучите само кратко да го проверите телефонот, а потоа останувате приковани за него со часови?

Денес, многу луѓе не ни сакаат себеси да си признаат колку зависни се од своите телефони. Тргнувајќи од тоа, Кетрин Прајс која работи како новинарка во познатиот New York Times, пред две години решила да раскине со својот телефон.

Таа вели: го доев своето бебе и тоа беше убав момент – освен една работа. Додека мојата ќерка гледаше во мене, јас гледав во телефонот. Ми требаа 15 минути за да сфатам што се случува. Не сакам да биде така и затоа решив да заборавам на мојот телефон.

Како што и самата вели, на многу луѓе им треба подолго време да сфатат дека имаат нездрава врска со својот телефон. Според податоците на апликацијата Момент  само за следење на времето, еден човек во просек минува четири часа дневно дружејќи се со својот телефон.

Кетрин посакала и понатаму да го користи својот телефон за работа и помош, но исто така решила да постави подобри граници и да го контролира времето кое го минува на телефонот. Таа решила и со читателите да ја сподели својата стратегија, како успеала да изгради поздрав однос кон мобилниот телефон.

Променете го својот начин на размислување

Многу луѓе сметаат дека самите себеси треба да си го ускратат задоволството така што помалку време ќе поминуваат на телефон. Но, Кетрин смета поинаку. Според неа, времето кое го минуваме на телефон е времето кое го трошиме не правејќи други работи, како што е дружењето со нашите пријатели или хоби. Немојте за тоа да мислите како за помалку време поминато на телефонот. Порадо мислете дека така сте добиле повеќе време во својот живот. 

Прашајте се на што сакате да обрнете внимание

Кетрин нагласува дека сите луѓе обрнуваат внимание на тоа како живеат, но кога ќе одлучат да се фокусираат на моментот, тогаш веќе мислат како ќе го поминат времето. Таа прашува: Дали некогаш сте се запрашале зошто социјалните мрежи се бесплатни? Тоа е затоа што всушност нашето внимание се продава. Затоа, прашајте се на што сакате да обрнете внимание и вие имајте ја контролата.

Дозволете другите да ве потсетат на вашите намери

Гледајте и учете од другите. Ако некој околу вас поминува премногу време на телефон, учете од таа личност. Исто така, вашите блиски можат да бидат ваш потсетник за тоа што сакате да го постигнете.

Подгответе се за успех

Креирајте работи кои ве потсетуваат на вашите цели и олеснете си го себеси нивното остварување. Доколку сакате да поминете повеќе време читајќи, ставете книга на масичката до вашиот кревет. Натерајте се да заборавите на телефонот. Исто така, избришете ги апликациите кои ви одземаат време. Воведете правило за себе и своето семејство да не користите мобилен телефон за време на семејните ручеци и вечери.

Водете сметка за вашето тело

Само забележете го вашето тело додека гледате во телефон. Какво ви е дишењето? Дали се чувстувате добро додека сте на телефон? Дали ве боли главата или вратот?