Вреќи шут зад Скопјанка: Два месеци стојат, не знам како не им смета

Скоро и да не може да се именува населба во главниот град каде жителите немаат на што да се пожалат, а само уште еден во низата е реонот кај ТЦ Скопјанка. Жителите се жалат дека на паркингот зад трговскиот 20-тина вреќи шут, најверојатно од некој станар кој вршел градежни работи дома, стојат оставени на паркиралиштето.

Зад Скопјанка 2 месеци го гледам шутов, а пријавив и во о. Аеродром. Не ми е јасно како не им смета на станарите таму?, пишува корисничка на социјалните мрежи.

На нејзините реакции се надоврзуваат други жители на овој реон кои велат дека е пријавено во општината, но за жал се уште нема реакција.