Вредат ли за тие пари? Од 900.000 евра па надолу - живот во елитни куќи во Скопје

Живеењето во квартови изолирани од дневната врева и загадување не е новина и во Македонија. Да се живее во една таква елитна населба во Скопје претставува престиж и значи да се покаже дека се има пари бидејќи луксузот што се нуди, чини. 

Локација: Скопје, цена: 898.000 евра /Фото: Пазар 3

Базен, интимност, голем двор,камери... вака гласат огласите за куќите кои се во поскапиот дел во нашиот град.

Во елитни населби би можеле да се спомнат Водно, Злокуќани, Орман, Козле, Дебар Маало, Црниче, Бардовци, Верина во селото Орман, потоа Хот-хот во Радишани, Сончев Град, Дајмонд Парк во Сопиште, на Зајчев Рид, во Петровец, Илинден, Зелениково, Студеничани...

Од 1.200 до 1.400 евра за квадрат треба да се плати за да се купи убава куќа во Скопје. Дури и за помалку пари може да се најде луксузен индивидуален станбен објект, во зависност од тоа во кој дел од градот се наоѓа. Но, затоа, пак,во елитните населби од затворен тип цените на куќите се движат од 900.000 евра па надолу.