Воздухот во Скопје и вчера вечер повторно беше алармантно загаден

Воздухот во Скопје и вчера вечер повторно беше алармантно загаден. Мерните станици за квалитет на воздухот покажаа дека измерените концентрации на опасните честички се неколку пати дозволениот минимум. 

Повторно во Лисиче беше најзагадено  каде количината на ПМ 10 честички достигна и до 250 mg/m3.

Ситуацијата со загадениот воздух повеќе од четири месеци е алармантна. Болниците се полни со пациенти со респираторни проблеми, а особено најпогодени од загадениот воздух се дечињата кои ја наполнија Детската клиника за белодробни заболувања.