Обилните врнежи во текот на изминатава ноќ ја намалија загаденоста во скопските општини, но и низ Македонија, а воздух со најлош квалитет утрово денеска има кај Ректорат - 50 микрограми ПМ 10 честички на m3.
Во земјава најзагадено е во Кочани, а и Струмица и Тетово се на самата граница на дозволеното загадување.