Волонтери и ученици спроведоа еколошка акција во Кисела Вода

По повод Меѓународниот ден на волонтерите, 5 Декември, денеска Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерскиот Центар Скопје и American Corner спроведе голема еколошка акција, насловена „Волонтирај за земјата“.

Во активностите за чистење се приклучија и волонтери од движењето „Не биди ѓубре“ и голем број ученици од Средното економско – правно училиште, „Васил Антевски - Дрен“.

Сезонските работници на Општината заедно со волонтерите извршија целосно расчистување на отпадоците на повеќе локации во урбаната заедница „Цветан Димов“. Додека учениците од средното економско училиште го исчистија училишниот двор.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи кои имаат за цел зачувување на животната средина.