„Војна за планетата на мајмуните“ во „Синеплекс“

Во „Синеплекс“ пристигна долгоочекуваниот филм „Војна на планетата за мајмуните“. „Синеплекс“ и овој пат се потруди да го задоволи апетитот на своите верни посетители.

Во третиот дел од франшизата, Цезар и неговата група мајмуни се принудени да се вклучат во смртоносен конфликт против безмилосниот полковник. По страдањата што ги претрпуваат мајмуните, Цезар се бори со неговите темни инстинкти и започнува потрага за да го одмазди својот вид. Кога патувањето ќе ги спои лице в лице, Цезар и полковникот се вклучуваат во епска битка што ќе ја одреди судбината на нивните видови и иднината на планетата.