Во Велес тепачки за време на полициски час

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, информира дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно, вчеравечер за време на полицискиот час околу 01.00 часот, на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу 47-годишниот В.С. и 41-годишниот И.С. од една страна и 23- годишниот И.Т. и четири непознати лица, од друга страна.

Против инволвираните во случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, вчера околу 12.50 часот на ул.„Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу 42- годишниот Б.З. 37- годишниот М.А.20 годишниот Е.Х.(20) и 15-годишен малолетник.

Како што појасни портпаролот Додевски, по настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.