Во тек е продажбата на картите за маестралната Лиза Џерард

Младинскиот културен центар неодамна најави дека фантастичната вокалистка Лиза Џерард наградена со Златен глобус за музиката во филмот „Гладијатор“ и нејзиниот последен проект на кој сорабутува со уникатниот женскиот хор од соседна Бугарија – The Mystery Of The Bulgarian Voices, доаѓаат во Скопје.

Првите 300 билети, кои беа по промотивна цена од 1000 денари се продадени. Следните 300 билети изнесуваат 1300 денари. Билетите може да се набават на билетарница МКЦ и online преку продажната мрежа – bileti.mkc.mk

Концертот на Лиза Џерард & The Mystery Of The Bulgarian Voices е во организација на Младинскиот културен центар, а ќе се одржи во Македонската филхармонија, на 8 октомври 2019 година.