Во сообраќајна несреќа вечерва загина скопјанец

Сообраќајна незгода со еден загинат се случи попладнево во скопската населба Арачиново. Во неа животот го загубил 60-годишниот С.Ш.

Несреќата се случила кога непознато лице управувајќи со моторно возило удрило во поголема група пешаци при што 60-годишниот С.Ш. починал на лице место.

Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобило и 6-годишно дете кое e пренесено во скопскиот Клинички центар.

МВР работи на расчистување на сообраќајната незгода.