ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Сибирските тигри уживаат на снегот (ВИДЕО)

Во Зоолошката градина во Скопје во секое живеалиште речиси има поставено греење, а храна има во изобилство.

Се разбира, повеќето од животните се во своите топли живеалишта бидејќи тие не се навикнати на вакво студено време, но има и такви на кои ваквите временски услови им одговараат.

Сибирскиот тигар речиси преку целиот ден е надвор каде што ужива во снегот и ниските температури. Зимата не им пречи ниту на мечките, ламите, бизоните, срните, волците, птиците, орлите, морските лавови и уште некои други животни.

 

Видео: Телеграф

Од Зоолошката истакнуваат дека храна има доволно и сите животни добиваат толку колку што им е потребно.

Инаку, веќе привршуваат градежните работи околу новите објекти за животните кои би требало да пристигнат оваа година. На задоволство на посетителите, во следниве месеци треба да пристигнат слоновите, пингвините, а во зоолошката градина се враќа и шимпанзото Коко.