Во што ќе се пренамени “Официрски дом” - која ќе ја превзеде карабината на плоштадот?

Градоначалникот Петре Шилегов, исто како и неговиот претходник, Коце Трајановски нема к’смет да седне во Градска куќа.

Изградбата на карабината на плоштадот “Македонија” позната како “Официрски дом” е во мирување. Градските власти оцениле дека за нејзино комплетно завршување се потребни уште 10 милиони евра, поради што сметаат дека тоа е многу скапо и за овој објект се размислува да биде разменет со друг каде што би се сместила канцеларијата на градскиот татко и целата градска администрација.

Неофицијални информации од Градот велат дека се преговара за размена, но не се откриваат детали кој би ја презел карабината на плоштад и во што би се пренаменил “Официрски дом”.