Во пожарот во Куманово повредено едно лице

Кумановските пожарникари го изгасија пожарот во станот во зграда на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово кој избувна попладнево пред 16 часот.

Командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски, информираше дека во пожарот е причинета материјална штета. Материјална штета имало и во соседен стан.

Во пожарот со лесни телесни повреди се здобило едно лице, информираат од Итна помош. Пожарот го гасеа 12 пожарникари.