Во понеделник без струја ќе бидат корисници во Ѓорче Петров и Сопиште

Од „ЕВН Македонија“ АД известија дека следниот понеделник, 24.07.2017 година,без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат:

Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од дел од улицата „4 Јули“ во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 10 часот корисниците од дел од улицата „1“ во селото Горно Соње, во Општина Сопиште, и

Во периодот од 9:05 до 15 часот корисниците од селата Држилово и Патишка Река, викенд населбите во истите села и ПЦЦ Хидро во селото Патишка Река, во Општина Сопиште.