Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лорензо Сера. Како што оцени амбасадорот, состанокот беше продуктивен и договорена е заедничка соработка на неколку полиња.
– Добрата соработка меѓу Кралството Шпанија и Република Македонија ќе се продлабочува и на локално ниво. Набрзо ќе започне договарање постапка за збратимување на општина Центар со центарска општина во Мадрид. Еден од проектите за кои има интерес на двете страна е изучување на шпанскиот јазик во основните училишта под надлежност на општината – соопштија од општина Центар.
Амбасадорот нагласи дека е почестен што постои интерес за изучување на шпанскиот јазик.
– Вие сте членка на ЕУ, ние сме земја аспирант и сакаме да ги користиме сите добри искуства од земјите членки на ЕУ – рече градоначалникот Богдановиќ.