Во новата година, борете се за тоа што ви значи, бестрашно и храбро

Во новата година, се надеваме дека ќе им кажете на луѓето околу вас како се чувствувате.

Кога ги сакате, кажете им го тоа. Кога сакате да останат, покажете им дека  не сакате да си заминат. Кога ви недостасуваат, покажете им го тоа. Гушнете ги силно кога ќе ги видите и покажете им колку ви недостасувале. 

Престанете да се преправате. Престанете да велите дека ви е добро, ако не ви е. Престанете да ги задржувате солзите кога ви се крши срцето. Престанете да си кажувате дека е срамота другите да ве видат дека сте слаби.

Во новата година, се надеваме дека ќе сакате со целото срце. 

Не постојат правила за љубовта, не постојат дефиниции и етикети. Не морате да следите никакви правила и да си кажувате како треба да биде. Нека биде така како што вие сакате, така како што е, кога ви е најубаво.

Во новата година, се надеваме дека ќе бидете храбри.

Сакајте со целото свое битие и борете се за оние кои ви значат. Верувајте во иднината. Борете се за тоа што ви значи, бестрашно и храбро.