Во некој друг живот, јас ќе бидам твоја девојка...

„Навистина е тешко да заборавиш некој кој ти дал толку многу спомени...“

Секогаш ќе те сакам, иако ти повеќе не ме сакаш мене. Искрено не ми се верува дека толку долго спијам без тебе. Искрено, твојата страна од креветот сѐ уште е празна и не можам да спијам на таа страна. Многу ми е тешко да поверувам дека си замина откако толку долго ја планиравме иднината. Едно време изгледаше дека е невозможно за нас да не бидеме заедно. Но, тоа се случи.

Не можам да речам дека ти си виновен. И јас не бев баш совршена. Моите ѕидови се високи и мојата кожа е покриена со многу слоеви. И жал ми е што не ти дозволив да влезеш и што не се отворив на време. Жал ми е што навреме не забележав колку се трудиш да допреш до мене. Но, јас бев исплашена и постојано се вртев назад. Извини што бегав. Бегав од себе, од моите блиски и најважно од се: од тебе. Јас ти бев потребна, но емотивно не можев да ги го дадам тоа што требаше. Кога чувствата се зголемија, јас избегав. Избегав до највисокиот врв и не се вратив се додека не помина бранот на паника. И бев будала поради тоа и се надевам дека го знаеш тоа.

Би сакала да можеш да ме видиш сега. Сега чувствувам сѐ. И осаменоста и болката и каењето. Не, не барам да се смириме. Не можам да речам дека не се трудеше, затоа што знам дека се трудеше. Ме молеше да се опуштам и да дозволам да допреш до мене. Но, не можев. И на тоа вечно ќе се сеќавам. И многу ми е жал. Знам дека овие каења сега ништо не ти значат.

Се надевам дека ќе најдеш некоја која ќе го буди оганот во тебе и ќе си ја чуваш како што јас требаше да те чувам. Се надевам дека ќе се омажиш со вистинската девојка и дека ќе ја имаш ќерката која ја посакуваше и ќе живееш во станот во кој сакаше да живееш. За жал, јас не сум во таа иднина.

Ти ми се излизга низ прстите и само сакав да ти кажам дека тешко е да те заборавам и уште потешко ми е да ти кажам збогум.