Во Музеј на Македонија изложба “Женски носии од Османлискиот период”

Во Салонот на Музеј на Македонија на 26 октомври (четврток) со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата “Женски носии од Османлискиот период во Македонија”.

Оваа изложба го одразува културното богатство на Османлиската цивилизација во Македонија и ќе биде отворена за посета во период од еден месец.

Настанот се организира во заедничка соработка на Институт Јунус Емре – Турски културен центар Скопје и Музеј на Македонија.