Во метрополата ќе се гради огромен кружен тек

Градските власти најавија дека се работи на проект за изградба на голем кружен тек кај НИП Нова Македонија и два помали - едниот на семафорите на надвозникот во Црниче кај "Симпо", на крстосницата меѓу "Павел Шатев" и "Јордан Мијалков", а другиот кај "Макпетрол", односно на крстосницата меѓу улиците "Кочо Рацин" и "Св. Кирил и Методиј".

Сообраќајниот хаос во строгиот центар на градот ќе се реши со три кружни тека.

 - Кај НИП-от ќе се гради огромен кружен тек, најголем во градов. Сообраќајниот проект се работеше пет месеци бидејќи на постоечкиот се јави проблем со маркицата кај НЛБ Тутунска банка, каде според првичниот инфраструктурен проект требаше да се навле;е некои пет шест метри во неа. Всушност, маркицата која банката на времето ја добила била зголемена и речиси доаѓа до улицата "Кирил и Методиј". Затоа, сега треба кружниот тек да се помести во лево. Ова е најдоброто решение кое е врзано и со подземната сообраќајница која треба да ја гради "Лимак", но не зависи од неа. За сите три посочени кружни текови, готови се сообраќајните проекти и веќе се подготвуваат основните градежни проекти. Ако се оди по планот, очекуваме летото да се распише тендер за изведувач, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Овие два кружни текови, кај "Симпо" и кај "Макпетрол" ќе бидат споени со надвозник. Сообраќајните проекти се веќе изработени и во моментов се подготвуваат основните градежни проекти. Ако се оди по планот, следното лето ќе биде распишан тендер за изведувач.

Елипсовидниот кружен тек ќе ги поврзува булеварите: "Св. Климент Охридски", "Мајка Тереза", "Јордан Мијалков", "Св. Кирил и Методиј", "Митрополи0; Теодосиј Гологанов", неизградениот подеземен булевар на "Лимак" и улицата Васил Ѓоргов. Иако не е прецизирано, овој кружен тек ќе има најмалку шест ленти. "Јордан Мијалков" и "Св. Кирил и Методиј" остануваат едносмерни. Подземниот булевар на "Лимак" ќе биде под мостот каде што ќе се спојат двата кружни тека (кај "Симпо" и "Макпетрол") и ќе биде спуштен на шест до осум метри под земја. Подземната треба да излегува на турбо кружниот тек кај Католичка црква. Според нашите пресметки проектите за трите кружни тека би требало да бидат готови до средината на следната година. Изградбата ќе се врши по фази, а ако успееме со проектирањето би почнале следното лето, до јули 2016 година, најави градоначалникот Трајановски.

Комплетниот проект ќе чини околу 12 милиони евра, а значителен дел од средствата се планирани и во би требало да се издвојат од градскиот буџет за 2016 година.