Во КПУ „Идризово“ пронајден починат затвореник

На 06.04.2020 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот во КПУ „Идризово“ бил пронајден починат затвореник С.П.(72) од Скопје, без траги на насилство. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.