Во Косово уапсени Бесим Красниќи и Фадиљ Точи од Кондово

Косовското Министерството за внатрешни работи во текот на минатата недела од слобода ги лишило Бесим Красниќи и Фадиљ Точи од скопското село Кондово. Тие беа барани по потерница издадена од МВР во Скопје за извршени тешки кривични дела.

„Акцијата за приведување на двете лица е реализиранa во непосредна соработка и комуникација помеѓу ИНТЕРПОЛ во Приштина и полициските службеници од Министерството за внатрешни работи во нашата земја“, соопшти министерот Чулев на својот фејсбук профил. Според него, понатамошната постапка за екстрадиција ќе ја координира Министерството за правда.

izvor - alsat-m.tv