Во Карпош мапирани 13 критични точки за потенцијални депонии

Надлежните служби во Општина Карпош мапираа 13 локации на територија на Општината каде што има создадено отпад на јавни површини, информираат оттаму. Преку стратешки пристап и нивно мапирање, локалната самоуправа презема мерка за чистење на овие т.н. диви депонии.

- Како дел од мерките и активностите предвидени во Акцискиот план за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП (Локален еколошки акционен план за  2019 година, од областа отпад), Секторот за екологија и енергетска ефикасност започна со евидентирање и изготвување на листа и мапа на ѓубришта на територија на Општина Карпош. За истата цел, Секторот  соработуваше со урбаните заедници во Општината. Урбаните заедници, од нивна страна пак, пријавија можни локации за несоодветно и несовесно одлaгање на отпад на територијата на Карпош“, се вели во соопштението.