Во Карпош и Аеродром две жени искасани од кучиња скитници

Скопската полиција извести дека вчера две жени биле нападнати од кучиња скитници. Првиот инцидент во полиција бил пријавен во полициската станица Карпош.

Дваесет и шестгодишната С.Д. од Скопје пријавила дека на улица „Волгоградска“ била касната од куче скитник за левата рака.

Неколку часа подоцна, поточно во 14.30 часот во полициската станица Аеродром, А.Д. (69) исто така од Скопје пријавила дека на булеварот „АСНОМ“ била касната од куче скитник за десната потколеница.