Во Гостивар гласале 11% од гласачите до 13 часот

Според информациите од Општинската изборна комисија Гостивар, до 13 часот на гласање на претседателските избори излегле 10,92 проценти (8.675) од вкупно  79.411 запишани гласачи.

Претседателот на ОИК  Мустафа  Муслиу изјави дека изборниот процес  тече без потешкотии и се одвива во мирна атмосфера.

Во општина Гостивар се гласа на 121 избирачко место.