Во Ѓорче се бара станицата за мерење на квалитетот на воздухот да почне да работи

Жителите на општина Ѓорче Петров со барање до Градот Скопје и до Министерството за животна средина апелираат што поскоро да се оспособи мерната станица за мерење на квалитетот на воздухот која подолго време не функцинира во оваа општина, па недостасуваат информации. 
Во продолжение ви го пренесуваме целосното барање: 

„Почитувани, се обраќаме до Вас како надлежни институции со две барања од аспект на загадувањето на воздухот.
Во Ѓорче Петров има две мерни станици за аерозагадување кои регистрираат ПМ10 честички, едната лоцирана кај полициската станица, а другата е мобилна станица која бележи, регистрира и покажува ниво на загаденост.
Во изминатиот временски период Ѓорче Петров се соочуваше со рекордна загаденост на воздухот. Ние како граѓани ги користевме овие мерни станици за да се информираме за истото и согласно на тоа превземавме превентивни мерки да се заштитиме самите и нашите семејства од аерозагадувањето. Вредностите кои ги прикажуваа овие мерни станици ни користеа како аргумент во комуникацијата со институцијата за да го оствариме нашето со устав загарантирано право на здрава и еколошки чиста животна средина.
Мобилната мерна станица која што покажуваше колкаво е аерозагадувањето од различни локации на општината веќе два месеца е надвор од употреба. Оваа станица заедно со мерната станица која се наоѓа во Кисела Вода се единствените неисправни мерни станици кои регистираат ањерозагадување во градот Скопје.“ - се вели во реакцијата на жителите на Ѓорче Петров.