Во Гази Баба одбележани 18 години од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак

18 години од загинувањето на полицајците Кирил Петрушевски и Ерол Готак беа одбележани денеска во Гази Баба.

По повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на полицајците, Кирил Петрушевски и Ерол Готак, кои во 2000 година загинаа во село Арачиново, делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот Борис Георгиевски, заедно со родителите на загинатите полицајци, роднини, пријатели, претставници од Петтата полициска станица, пред споменикот на бранителите, кој се наоѓа во кругот на полициската станица Гази Баба во Автокоманда, положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на загинатите бранители.