Во Центар кал до колена

„Верувале или не овој паркинг е во строг Центар кај Дрводекор каде секојдневно 10-тина возила паркираат во голема длабока кал. Ова градонаалнициве амо на ДУП - ови мислат.“ - напишаа центарци на социјалните ,мрежи споделувајќи фотографии од местото кое буквално е потонато во кал и вода.

Да биде трагедијата поголема се работи за локација во централното градско подрачје. Очигледно урбанизацијата се` уште не пристигнала и во некои делови на центарот на Скопје нешто што одамна требало да биде завршена тема.