Во Бутел купена втора метларка

Општина Бутел преку успешна апликација за користење на средства согласно Грантот за успешност во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги, ја набави втората метларка, со што значително ќе се подобри хигиената и одржувањето на улиците на нејзината територија.

Според општинските власти, на овој начин ќе се зголеми ефикасноста на Одделението за комунални работи при испорачувањето на општинските услуги.