Во автобус во Сарај тепачка во која повредени се неколку лица од кои едно е во критична состојба

Жестока физичка пресметка меѓу две групи се случила денес во автобус во скопски Сарај.

Според неофицијалните информации, повредени се три лица кои со убодни рани итно биле пренесени во болница.

Како што неофицијално дознаваме, едно од повредените лица е во критична состојба и пренесено на Ургентен центар.