Во 19 часот ќе светне новогодишната елка

Денеска во 19 часот, на Плоштад Македонија ќе се осветли големата новогодишна елка за претстојните празници.

Осветлувањето на новогодишната елка ќе биде пропратено со ангелските гласови на хоровите од средните училишта во град Скопје, а под диригентска палка на Јасмина Беличанец. Учество ќе земат следните училишта: Средно медицинско уличиште „Д-р Панче Караѓозов”, СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито”, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин”, СУГС Гимназија „Орце Николов”, СУГС Гимназија „Никола Карев”, СУГС Гимназија „Марија Кири Склодовска”, СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен”, СЕТУ „Михајло Пупин”.

На настанот ќе присуствува и скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.