Внимавајте пред новогодишните патувања: Ако сакате во Европа мора да имате минимум 3 месеци важност на пасошот

Македонските државјани кои сакаат да заминат во било која земја-членка на ЕУ мора да знаат дека пасошот мора да има важност повеќе од три месеци, во спротивно тие нема да бидат пропуштени на граничните премини во земјава.

Од Министерството за внатрешни работи ова го објаснија со Шенгенската регулатива и појаснија дека не е проблем од Македонија да се добие излез за било каде ако пасошот ви е важечки меѓутоа првиот момент кога нашиот државјанин ќе стапне на тло на било која држава која е во Европската унија тој истиот момент ќе биде депортиран назад.

Од Министерството апелираат, пред екот на новогодишните патувања, граѓаните кои планираат одмор или поради било кои други причини ќе патуваат во земји-членки на Европската унија претходно да си ги проверат своите патни исправи. Апелот се однесува и до туристичките агенции кои се должни да ги предупредат своите корисници дека пасошите мора да им бидат со важност подолга од три месеци.