Внимавајте: Најголемата „опасност“ која демне за празниците е рокот на храната

Утре е Бадник, а задутре е Божиќ. Маркетите и пазарите се полни со луѓе. Се прават последните подготовки. Се купува риба за Бадник, а месо за Божиќ.

Најголемата „опасност“ која демне за празниците е рокот на храната, бидејќи понекогаш може да бидеме невнимателни, па да ја консумираме подолг период што може да доведе до проблеми со стомакот, па дури и до труење.

Божиќ  традиционалнио се празнува со вкусни кифлички, сарма, сочно месо, салати и десерти.

Со подолго чување, дури и во фрижидер, храната развива микроорганизми кои придонесуваат за нејзино постепено расипување. Затоа внимавајте на ова:

Месото, особено ако на трпезата имате свинско печење, треба да се изеде најмногу за три дена.

Рибата е неизбежен дел од трпезата за Бадник. Побрзо може да се расипе, па изедете ја најмногу за два дена.

Салатите исто така траат 2-3 дена, не повеќе.

Особено треба да бидете внимателни со овошјето и зеленчукот и добро да ги миете.