Внимавајте каква храна внесувате- Сладолед и мајонез главна причина за труење

Најпосетена клиника во летниот период е Клиниката за инфективни болести каде што се лекуваат сите видови труења од храна, стомачни инфекции, убоди од инсекти, како и каснување од змии.

Причина за ваквите состојби кај граѓаните е високата температура, лошата лична хигиена, несоодветното одржување на храната, но и употребата на храна која лесно се расипува.
Лекарите ги предупредуваат пациентите да бидат внимателни при купувањето на храната, особено на рокот на употреба, како и да не консумираат сендвичи со мајонез кој домашно е произведен.

Поради високите температури летните стомачни бактериски инфекции во јули и август секогаш се во подем.

Најчестите труења се регистрираат во слаткарниците, бурекчилниците и сендвичарниците. Во домашни услови препорачуваат секогаш да се консумира храна која е термички добро обработена или свежа, а зеленчукот и овошјето да се добро измиени.