ВМРО - ДПМНЕ ќе ја почне кампањата со митинг во Охрид, а СДСМ во Битола

Двете најголеми политички партии, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја започнат изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат на 15 октомври со големи митинзи во Битола и во Охрид.

Централниот караван на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата ќе ја почне предизборната кампања со претставување на сите кандидати за градоначалници вечерва на граѓански митинг во Битола.

Митингот ќе започне во 20:30 часот на плоштадот „Магнолија“, а пред граѓаните ќе се обрати и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претходно митинзи на караванот ќе се одржат и во Демир Хисар во 17:30 часот и Ресен во 19:30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, пак, првиот голем митинг ќе го имаат вечерва во Охрид, со почеток во 19 часот.