Владимир Чадиковски на инстаграм: Останувам посветен на борбата за здрави генерации. Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои

Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски кој е актуеледен изминатите денови, попладнево на инстаграм објави фотографија од старите денови.  Во својата објава вели дека таа е пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитет третман за децата беше секогаш приоритет.  

Оваа фотографија е вистински пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитетен третман за децата беше секогаш приоритет. Кога здравјето на најмалите беше пред личните интереси, политика, пари... Здравјето и грижата за децата за мене е најважно. Останувам посветен на борбата за здрави генерации. Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои, во подобри услови и подобар систем, напиша Чадиковски на инстаграм. 

Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург, по 21 година поминати на Клиниката за детска хирургија, премина во болницата на Жан Митрев за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови. Таков беше договорот меѓу државата и болницата на Жан Митрев а Фондот ги покрива операциите. По шест месеци работа во оваа здравствена установа, минатата недела поднесе неодповиклива оставка од оваа позиција.