Владата воведува флексибилно работно време и двосменско работење за администрација

Флексибилно работно време и двосменски работење се промените кои планира да ги воведе Владата на Република Македонија, а кои според информации на Скопје Инфо веќе се влезени во владина процедура.

Владата планира да воведе флексибилно работно време за вработени во државната управа кое ќе почнува помеѓу 7.30 и 8.30 часот, а ќе завршува помеѓу 15.30 и 16.30 часот. Должината на работниот ден ќе остане иста и ќе биде 8 часа. Освен ова планирани се промени, односно двосменско работење во службите кои работат управни работи и кои имаат директна комуникација со граѓаните. Кај нив работата ќе се одвива двосменски од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот. Првата сабота во месецот за нив ќе биде работна.

Се очекува одлуката за промена на работното време наскоро да помине на владина седница со што ќе стапи на сила во текот на летниот период.

Промената на работно време и воведување втора смена беше еден од проектите кои СДСМ ги најави во програмата за парламентарните избори кои што поминаа.