Владата ќе го промовира проектот за фотоволтаични системи

Владата денеска ќе го промовира проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи.

Проектот е имплементиран од страна на Министерството за финансии со средства од ЕУ за развој на руралната инфраструктура, во соработка со Светската банка, како посебен сегмент за ИПА рурални инвестиции во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги.

На настанот, како што е најавено, ќе се обратат премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска.