Потребни состојки:
6 јајца
80 г шеќер
2 лажици какао
60 г пченично брашно (тип 40)
5 лажици млеко
За кремот:
150 г пире од костени
300 мл слатка павлака
300 мл млеко
1 крем за колачи од чоколадо
100 г чоколадо
Начин на подготовка:
Жолчките и шеќерот заедно ставете ги во сад и со електричен миксер изматете ги додека не добиете кремаста смеса. Додајте го какаото помешано со брашно и добро измешајте. Белките изматете ги во цврст шлаг и нежно додавајте ги во смесата.
На дното на калап за торта со дијаметар 24 см ставете хартија за печење и добро премачкајте ја со путер. Сипете ја подготвената смеса, израмнете и печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени.
Извадете го печениот пандишпан и оставете го да се излади, а потоа напрскајте го со млеко.
Пирето од костени разредете го со 100 мл слатка павлака. Во сад ставете го ладното млеко, додајте го остатокот од слатката павлака и содржината од кесичката за кремот. Матете со миксер на средна брзина околу 2-3 минути, додека не добиете крем. Во него додајте го стопеното чоколадо и разреденото пире од костени.
Веднаш нанесете врз оладениот бисквит-пандишпан и израмнете. Потоа тортата ставете ја во фрижидер да се лади, после што е спремна за послужување. Дополнително можете да ја украсите со шлаг или чоколадна глазура.