Ова е една од многубројните варијанти на оваа салата, која од оригиналот се разликува по додадената сланина.

СОСТОЈКИ:

100 гр чадена сланина Пекабеско

2 парчиња тост леб

2-3 чешниња лук

1 голема главица крцкава зелена салата

100 мл маслиново масло

сок од 1 лимон

2 лажици мелени бадеми

сол

бибер

30 гр пармезан во парче

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечкајте сланина, пропржете ја без додаток на масло и извадете ја на салфета.

Исечкајте го лебот на коцки. Исечкајте и лук. Пропржете го лебот и лукот на маста од сланината. Извадете го лебот на салфети да ги впијат вишокот маснотии.

Измијте ја салатата, исчистете ја и расцепкајте ја.

Разматете маслиново масло со сок од лимон и бадеми. Посолете и побиберете, па со тоа прелијте ја салатата. Пармезанот крупно нарендајте го. Посипете ја салатата со сечкан леб, сланина и пармезан.